Масло од арган

1,350.00 ден

Категорија

Арганот е кралот на маслата. Откриен сосема случајно како племенски ритуал на жените од племето Бербери.

Нивната зачудувачки млада кожа го привлекла вниманието на големите козметички магнати. Ретко која од жените имала кожа соодветна на возраста. Откако почнале да го следат ритуалот на племенските жени, виделе дека тие на дневно ниво, со толчење на јатките од плодот арган го екстрахираат маслото и го користат секојдневно.

Маслото од арган од природна, племенска состојка прераснува во едно од најценетите масла во светот, бидејќи козметичките компании ги согледале неговите својства против стареење. Растителното масло се произведува од јадрата што се наоѓа во оревот арган, што се наоѓа во плодот на дрвото арган, ендемично за Мароко.

Арганот е крал на маслата не само затоа што се користи за подмладување и убавина, туку се употребува и за лекување на разни заболувања, како што се сува кожа, акни, брчки и болки во зглобовите.Дрвото арган е толку корисно за животната средина што арганската шума во Мароко е прогласена за биосферен резерват од УНЕСКО во 1998 година.

Маслото од арган е природно богато со витамин Е. Затоа ова е врвно масло за хидратизирање на кожата и борба против стареењето. Бидејќи е преполно со антиоксиданси, арганот има и здравствени придобивки. Честопати се користи и за намалување на симптомите од кожните заболување, како што се псоријаза и розацеа.

Shopping Cart