Gotas Calin
Mediterranean Touch
Gotas Calin се комплетно природни масла за кожа, коса и нокти. Со потекло од Шпанија, овие масла имаат сертифициран квалитет, а тоа е од витално значење кога станува збор за апликација на продуктот како масажно масло или за третман на одредени (проблематични) делови од лицето, телото и косата.
Медицинските експерти потврдуваат дека најдобра опција за подобрување на квалитетот на кожата и косата, се уште се природните козметички масла.
Нашата кожа природно создава масла и липиди. Тие помагаат да се спречи загубата на вода од кожата и да се одржува хидрирана. Арганот и маслото од семки од грозје ги надополнуваат природните масла содржани во кожата. Маслата се сметаат за еден вид омекнувач, тие помагаат во зајакнувањето на надворешниот слој на кожата: роговидниот слој.
Со тоа што го омекнуваат и запечатуваат роговидниот слој се спречува загубата на вода, така се спречуваат многу несакани појави на кожата.

- со огромни хидратантни својства, маслата од арган и семки од грозје, важат за најголеми борци против стареење.
- маслата се полни со антибактериски и лековити својства и се употребуваат непречено во комбинација со сите други производи за нега на кожа, без никакви несакани дејства
Масло од арган
- Дрвото арган е толку корисно за животната средина што арганската шума во Мароко е прогласена за биосферен резерват од УНЕСКО во 1998 година.
Маслото од арган од природна, племенска состојка прераснува во едно од најценетите масла во светот, бидејќи козметичките компании ги согледале неговите својства против стареење. Растителното масло се произведува од јадрата што се наоѓа во оревот арган, што се наоѓа во плодот на дрвото арган, ендемично за Мароко.
Арганот е крал на маслата не само затоа што се користи за подмладување и убавина, туку се употребува и за лекување на разни заболувања, како што се сува кожа, акни, брчки и болки во зглобовите.

- Маслото од арган е природно богато со витамин Е. Затоа ова е врвно масло за хидратизирање на кожата и борба против стареењето.
- Бидејќи е преполно со антиоксиданси, арганот има и здравствени придобивки. Честопати се користи и за намалување на симптомите од кожните заболување, како што се псоријаза и розацеа.
Најмоќен борец против стареење на кожата и косатa.
Заштитува и лечи инфекции на кожата и скалпот
Се бори против акни и егзема.
Лекува изгореници и испукана кожа.
Го регулира производството на себум и ги одржува природните масла на кожата на нормално ниво.
Ја заштитува кожата од алергени кои можат да предизвикаат чешање.
Го стимулира обновувањето на клетките на кожата и ја зголемува еластичноста.
Веднаш ја хидратизира и омекнува косата и и го враќа сјајот.
Идеален е за кревки нокти, ги зајакнува.
Масло од семки од грозје
Првата употреба на ова масло е забележана кај Индијанците. Тие започнале со правење на вакво масло од семките од северноамериканското грозје што не се употребувало во производство на вино. Оттогаш, па се до денес, ова масло е дел од традиционалната народна медицина.
Постојат антички записи дека маслото од грозје се користело долж медитеранските подрачја со векови наназад.
Во ајурведската медицина, грозјето се нарекува „Drakshaa Phalottamaa“, а тоа значи врвно овошје и затоа е вклучено во различни ајурведски лекови. Маслото од грозје е исклучително ефикасно кога се работи за смирување на проблемите со кожата (акни, несовршености, стрии итн.)

Побрзо растење на косата.
Ја хидратира кожата и косата.
Смирува акни и оневозможува идна појава на акни.
Побрзо зацелување на рани.
Има антиоксидантни својства и го зајакнува имунитетот.
Ја одржува мекоста, еластичноста и сјајот на кожата и косата.
Ја подобрува густината на косата.
Помага за спречување на предвремени брчки.
Го елиминира првутот.