Масло од АРГАН - еликсир на младоста​

Сигурно веќе сте слушнале за маслото од арган (познато и како мароканско масло, оттаму и потекнува). Се добива од плодовите на дрвото арган ((lat.Argania spinosa) што расте во југозападно Мароко и кое Беберите го нарекуваат “дрвото на животот”.
 
Маслото од арган е драгоцено на многу начини, неговата традиционална подготовка е многу макотрпна. Рачно се берат плодовите, се кршат со камен а семките внатре се мелат во густа паста. Пастата потоа се цеди, за да се добие масло.
 
Процесот е истоштувачки и долготраен, а токму тоа го прави ова масло бесценето и ретко.
Благотворните дејства на арганот се многубројни, особено за нега на кожа, коса и нокти. Нектар на убавината што мароканците со векови го користат во ритуалите за разубавување.
Ова масло е едно од најмоќните борци против стареењето, а тоа е така благодарејќи на својот богат состав од хранливи состојки.
 
Содржи заситени и незаситени масни киселини (линолеична, алфа линоленска, олеинска), стероли, витамин Е, минерали и каротеноиди.

 

Токоферолите, попознати како витамин Е, се највредната состојка во маслото од арган. Силни антиоксидантни својства се припишуваат на овој витамин. Неопходен е во борбата против лузни, егзема и сув скалп.

 

Друга важна состојка во аргановото масло е каротинот, кој ја штити кожата од УВ зрачење.
 
Есенцијалните масни киселини од аргановото масло спречуваат воспалителни процеси на кожата со хидрирање и зајакнување истовремено.
Аргановото масло има висока содржина на сквален, природно соединение кое штити од карцином на кожа и помага во смирување на иритираната кожа.

 

Ферулната киселина од арганово масло е многу силен стабилизатор на витамините Ц и Е, така што го удвојува нивното дејство.
Исто така, содржи полифеноли – природни соединенија од растенија кои имаат антиинфламаторно и регенеративно дејство врз кожата.
 
 
Аргановото масло е погодно за сите типови на кожа, и може да го користат бремени жени и мали деца.

Ја храни и хидрира сувата кожа, помага при дерматитис и псоријаза и спречува инфекции.

На пазарот арганоцото масло може да се најде во различни облици. Во аптеките и козметичките продавници најчесто ќе го најдете во форма на чисто масло и како такво може да се користи за секаква намена. 

Доколку имате конкретен проблем (кожа или коса) маслото е составна компонента во многу шампони, балзами, маски, креми итн, па апликацијата на овие продукти е секојдневна и едноставна.

Нарачајте арганово масло, уште денес..

Shopping Cart